Десет тони сирење биле украдени од магацинот на приватна млекара во градот Хераклион на Крит, соопштиле грчките медиуми. Според сознанијата на полицијата, крадците направиле дупка на ѕидот на подрумот на трикатната зграда, низ која го изнесле сирењето и исчезнале.
Сопственикот на млекарата, кој бил во голем шок по кражбата, изјавил дека вредноста на сирењето е изнесува повеќе од сто илјади евра.