Во Хаваи се случила невообичаена кражба кога од градината на еден жител биле украдени 16 ретки бонсаи дрва вредни над $100,000 долари.
По двонеделна потрага полицијата пронашла само едно од дрвата вредно $1200 долари, а сторителите на делото останале непознати.
Волтер Лиев кој е жртвата на оваа кражба изјавил дека некои од украдените дрва биле во неговата фамилија повеќе од 55 години, а во нивното одгледување биле вложени безброј часови што ја прави нивната вредност уште поголема.