Непознати крадци во швајцарскиот град Вининген, во близина на Цирих, успеале да украдат 84 гулаби писмоносци, чија пазарна вредност е проценета на околу десет илјади евра, соопштила локалната полиција.
Крадците доцна во ноќта влегле во местото каде се одгледувале гулабите и украле 84 сиви, црни и кафени гулаби, се наведува во соопштението. Полицијата повикала на евентуални сведоци кои би им помогнале во расчистување на случајот.