Крадци од француското пристаниште Авр украле приколка со 5400 шишиња од луксузното шампањско „Дом Перињон“, а според проценките вкупната вредност изнесувала околу 520 илјади долари, изјавил извор близок до полицијата. Се верува дека крадците ја прицврстиле приколката за трактор и ја однеле додека била во просторот за товарење.
Кражбата се случила во понеделникот во пристаништето на северозападот од Франција. Агенциите пренеле дека истрагата сеуште била во тек. „Дом Перињон“ е едно од најпознатите и најлуксузни шампањска во светот и се прави во францускиот регион Шампањ.