Четири вредни икони однел непознат крадец од црквата Св. Никола во Вевчани. Кражбата според полицијата се случила вчера во времето од 18.00 до 06.30 часот. Крадецот со употреба на физичка сила и тврд предмет насилно ја отворил споредната врата на црквата од јужната страна и зел 4 икони од кои една икона од „Св.Јован Крстител“ од 18 век, една руска икона од 19 век и една икона со ликот на „Пресвета Богородица“. Тој одзел и два метални крста, три примероци на Евангелието од кои две потекнувале од 19 век, еден сребрен путир и други поситни предмети. На лице место, извршен е криминалистичко-технички увид од страна на полициските службеници при Полициската станица во Струга. Се преземаат мерки за целосно документирање и расветлување на овој случај.


Украдени 4 вредни икони од црквата Св. Никола во Вевчани

Во текот на претходните викенди беа извршени три тешки кражби во струшко, во црквите “Св.Димитрија” во село Безево, Св.Богородица” и “Св. Мина” во селото Јабланица,  при што беа одземени вкупно 18 икони. На 27 август беше извршена  тешка кражба и во црквата “Св.Богородица” во селото Долна Белица, струшко од каде се украдени два сребрени крста со постолје со големина од 20-25 см, еден појас од Св.Богородица долг 1 метар, кој е од плетен материјал од црвена боја и украсен со сребро. Исто така од оваа црква украдени се и икони кои се евидентирани во регистарот на евидентирани икони на Р.Македонија. Во времето пак од 21/26.09.2009 година во с.Железнец-Демир Хисар, во црквата Света Богородица, од страна на засега непознат сторител извршена е тешка кражба при што биле одземени седумнаесет (17) икони, две илјади (2.000,00) денари и текстилна стока.Министерството за внатрешни работи објави потрага по вредните икони и  предмети преку Интерпол.

Ohridnews