Виолина изработена од Антонио Страдивари, вредна три милиони евра била украдена од куќа во севрна Германија, соопштила полицијата.
Портпаролката на полицијата Еда Нетел, рекла дека непознати крадци во петокот навечер провалиле во куќа во близина на Хановер и украле сребрени свеќници, уметнички слики, ордени и две виолини, вклучувајќи една од Антонио Страдивари.
На имотот во кој припаѓа куќата, годишно се одржува фестивал на класична музика.
Антонио Страдивари живеел од 1644 до 1737 година и изработил преку 1.100 виолини, од кои денес се останати само 600. Се сметаат за најдобри виолини на светот.