Полицијата во Унгарија трага по снаодливите крадци кои успеале да украдат бакарна камбана тешка 250 килограми од камбанаријата на црквата во Кехидакустани. Локалниот свештеник Петар Ботиан сфатил дека ја нема камбаната дури откако отишол да ѕвони.
– Не знам како некој можел да ја спушти толку тешката камбана од камбанаријата висока 22 метри. За тој потфат би им требала дигалка и десетина мажи. Никој ништо не видел па мистеријата е уште поголема, – вели портпаролот на полицијата. Полицијата ги испрашува локалните трговци со отпад.