Охридскиот парк во чест на Тоше Проески во кој се  засадени 26  јапонски цреши, деновиве е видно оштетен.  Непознати и несовесни граѓани украле еднa сaдница од  ова украсно дрво и сите помошни столбчиња со кои биле зацвретени останатите садници.

Поминаа само два месеци откако се уреди овој простор во чест на прерано починатата музичка ѕвезда, но со ваквото однесување на поединци, оваа значајна иницијатива може да пропадне.


Украдена цреша од Паркот на Тоше Проески

Оформувањето на оваа хортикултурна целина , Охрид го вброи меѓу неколкуте градови во Македонија кои ја прифатија идејата на ЈП „Македонски шуми“ за засадување на ова украсно дрво, во чест на прерано почината пејачка ѕвезда.

Ohridnews