Најголемата кломпа во Холандија, а веројатно на целиот свет, долга четири метри и тешка два тона, исчезнала од селото Ентер, на истокот на земјата, каде ја украсувала главната улица. Претставник на локалната полиција рекол дека не знаат ниту кој ниту како ја украл, наведувајќи дека џиновската кломпа исчезнала ноќта помеѓу петокот и саботата.

Таа додала дека најверојатно се работи за шега, бидејќи добиле телеграма во која пишувало дека кломпата најверојатно ќе биде вратена по завршувањето на карневалот. Таа рекла дека најверојатно ја украле со камион, а сторителите ќе мораат да одговараат дури и ако станува збор за шега.