Десет романци се наоѓаат под истрага поради кражба на колекција на Џорџо Армани во вредност од 2,7 милиони долари од еден склад во Италија, соопштиле обвинителите. Осомничените наводно провалиле во складот во градот Верона на северот од италија минатиот декември и украле повеќе од 1400 парчиња облека од колекцијата на Армани за пролет 2013.
Украдената облека е во вредност помеѓу 1890 и 2700 долари по парче, и била испратена во Романија. Во соопштението на полицијата било наведено дека крадците на добар начин успеале да го исклучат безбедносниот систем за многу кратко време. Во соопштението било додадено дека украдената стока требало да биде продадена на романскиот и европскиот пазар.