Коала стара 13 години била украдена од зоолошката градина во Госфорд, Австралија. Тоа прва кражба на коала од некоја австралиска зоолошка градина. Генералната директорка на зоолошката, Мери Рајнер, рекла дека вработените се многу загрижени за здравјето на коалата бидејќи тоа е нејзина прва зима во Нов Јужен Велс, а 13 години се сметаат за многу сериозна возраст за овој вид животни.
Рајнер објаснила дека коалата веќе прилично изгубила од својата тежина поради промената на средината кога на почетокот на годинава била пренесена од Златниот Брег до новата средина. Коалата поради тоа била на специјален режим на исхрана и и биле давани листови од еукалиптус во посебна каша.