Глава од носорог била украдена од еден музеј во Франција, а се сомневаат дека тоа го сторил некој до крадците кои оперирааат по меѓунарните музеи. Персоналот на природонаучниот музеј кој се наоѓа на 160 километри од Париз, открил дека изложениот предмет исчезнал во саботата утрото. Главата на носорогот била од 19 век и била тешка околу 100 килограми, а крадците ја влечеле по подот за да ја извадат од музејот.
Началникот на музејот Жан Луи Пуантал изјавил дека главата е еден од повеќето експонати кои крадците ги украле во последниве неколку месеци. Ова е петта глава на носорог украдена во последниве месец дена. Веќе биле забележани слични кражби во еден замок во Чешка и во музеј во Брисел. Рогот на носорогот има висока цена на црниот пазар, бидејќи во некои азиски земји се користи како лек, иако медицински е докажано дека не содржи никакви лековити состојки.