Колумбиската пејачка Шакира и нејзиниот вереник Жерард Пике се на мета на трачеви кои сеуште не се потврдени. Имено, нивна интимна видео снимка била украдена од еден од вработените на пејачката и наводно сега тој ја уценувал дека ќе ја пушти во етер. Како што јавиле шпанските медиуми, Шакира и Пике го овековечиле својот секс со видео снимка која сега се нашла во погрешни раце.
Еден од вработените кај Шакира ја украл снимката и сега за неа барал голема сума пари. На Шакира ова не и било прв пат да се најде во скандал со интимни снимки. Имено, пејачката наводно се снимала и пред 11 години со поранешното момче Антонио де ла Руа.