Непознати кратци го украле легендарниот златен пиштол вреден околу 100.000 евра од студиото Елстре во Британија. Роџер Мур глумеше со Кристофер Ли во класиката Џејмс Бонд во 1974 година „Човекот со златен пиштол“.


Ли го глумеше Скараманго, платеник кој требаше да го убие Бонд за 500.000 долари со пиштол направен од пенкало,  табакера и запалка. Од управата на студиото се надеваат дека крадецот ќе го понуди пиштолот на колекционери на сувенири што ќе им помогнат да го фатат. Портпаролот на полицијата рекол дека истрагата е во тек.