Од полициската станица на источно Сараево соопштено е дека од пештерата Орловача е украден скелет од мечка со непроценлива археолошка вредност.


Полицијата изјавила дека остатоците од мечката, за која се смета дека е втора по големина пронајдена во светот, и кои се стари преку 16 илјади години, се украдени од непознати сторители. Соопштено е дека железната врата на пештерата е разбиена во кражбата.