Сите оние кои мислат дека папагалите го повторуваат само она што им се зборува грешат. Дека тоа не е точно докажал еден папагал во Холандија кој бил украден од еден приватен парк заедно со уште 70 птици. Известен од пријателите дека неговите птици биде видени на еден пазар, сопственикот на украдените птици отишол да ја провери информацијата на лице место.


Штом го здогледал својот сопственик папагалот почнал без престан да го изговара своето име, сакајќи со тоа да привлече внимание. Полицијата потоа лесно ги уапсила крадците кои биле откриени благодарение на зборливата птица.