Вешти крадци без употреба на сила и оружје во работно време од продавница на „Картие“ го украле највредниот прстен вреден половина милион евра.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, двајца мажи кои се претставиле кои зборувале француски и арапски,  влегле во луксузната продавница на „Картие“ на улицата „Виа Кондоти“ во Рим, наводно за да купат подарок за свадба. Умешно ја натерале продавачката да им ги покаже прстените, а кога им бил презентиран највредниот  прстен опточен со дијаманти, вреден 500.000 евра, едниот од нив и го одвлекол вниманието на продавачката и му овозможил на партнерот да го украде вредниот накит. Крадците потоа вешто ја напуштиле продавницата и се изгубиле во толпата купувачи.

Италијанска полиција презема мерки за пронаоѓање на крадците на највредниот прстен на „Картие“.

OhridNews