На популарниот актер Џон Траволта, засега непознати, крадци му го украле спортскиот модел мерцедес, произведен 1970 година, соопштила полицијата. Портпаролот на полицијата во Санта Моника, Ричард Луис, изјавил дека на крадците им биле потребни само десет минути да го украдат миленикот на Траволта.
Луис навел дека актерот го паркирал автомобилот во близина на продавницата за автомобили „Јагуар“, каде свратил на кратко. Меѓутоа, кога се вратил, пронашол само празно паркинг место, а од мерцедесот никаква трага. Автомобилот бил паркиран во населено место, но засега не е познато дали крадците биле снимени од некоја камера.