Машки леопард, кој неодамна бил одземен од ловокрадци, бил украден од зоолошката градина во Парагвај, јавуваат светските агенции. Директорот на зоолошката градина Карлос Миранда изјавил дека леопардот бил доста атрактивен и дека бил прилично голем, па за неговата кожа на црниот пазар би можеле да се заработат помеѓу 6 и 10 илјади долари.
Овој осумгодишен леопард бил наречен Сафир поради исклучителната вредност на неговото крзно. Леопардите во Парагвај одамна се прогласени за загрозена врста и нивниот лов е строго забранет.