Царот Давид, кој во својата биографија има победа над Голијат, успеал да се избори со повеќето непријатели но не и со данските криминалци опремени со дигалка.
Бронзената статуа на владетелот од Стариот Завет, тешка два и пол тона, украдена е од каменорезачката работилница во Копенхаген каде што била однесена поради реставрација.
„Прво помисливме дека се работи за шега. Но не беше така. Ова не е нешто што може да ви стои на прозорецот“, изјавил Анерс Гадајорд. „Некој сигурно употребил голем камион и дигалка.“. Статуата и постолјето требале да бидат вратени денеска.