Полицијата во Лондон соопштила дека непознати сторители го украле јастребот кој бил обучен да лета над тенискиот комплекс во Вимблдон и да ги брка гулабите.
Во соопштението се навело дека јастребот Руфус е украден со кафезот во кој живеел, а се наоѓал во автомобил на еден приватен паркинг.Крадците успеале да го земат бидејќи чуварот ноќта го оставил прозорот од автомобилот отворен.
Руфус секој ден летал над тениските терени и не им дозволувал на гулабите да му пријдат на комплексот и да им го одвлекуваат вниманието на играчите и гледачите.