Актерката и некогашна манекенка Елизабет Харли се нашла на мета на крадци. Додека ручала во еден отмен лондонски кварт, крадците го обиле нејзиното Ауди и потполно незабележани се одвезле во него.

Еден час подоцна Лиз сватила дека нејзиниот автомобил повеќе не се наоѓа на местото на кое го паркирала. На расплаканата актерка не и преостанало ништо друго освен да повика полиција и да го пријави случајот, а потоа дома се вратила со такси.