По саботните протести на ВМРО-ДПМНЕ на градскиот плоштад, денеска и здружението на граѓани „Христо Узунов“ организира мирен протест  на плоштадот „Чинар “ преку кој го изрази незадоволството од укинувањето на веронауката во училиштата.

„Ние како невладина организација сметаме дека предметот по веронаука е добар зашто ги учи децата на толеранција без разлика на верата.“, рече Никола Шишкоски од здружението „ Христо Узунов“. Тој најави дека револтот ќе биде изразен и утре пред Уставниот суд во Скопје, и ги повика граѓаните да земат учество.

За сите кои ќе го поддржат протестот е обезбеден превоз а тргнувањето е во 9 часот од пред продавницата „Суна“ на булеварот „Туристичка“. 

Ohridnews