Од 17:00 часот, укината е забраната за сообраќај на тешки моторни возила на патниот правец Струга – г. п. Ќафасан. Од 16:20 часот, укината е и забраната за сообраќај на тешки моторни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, информираат од АМСМ.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег задолжителна е употреба на зимска опрема за сите видови на возила. Забрана за тешки товарни возила има од 4:50ч. поради обилни врнежи од снег на патот Дебар – Маврово.

Сообраќајот во целата земја се одвива по влажни коловози, а на повисоките места со остатоци од снег по коловозите, велат од АМСМ.

OhridNews