Од утринава се укинати сите забрани за сообраќај за тешки товарни возила кои беа воведени поради снежните врнежи во земјава, но се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Според информациите од Авто мото сојузот на Македонија и јавното претпријатие „Македонијапат“ укинати се забраните на планинскиот превој Плетвар, Стража, Ѓавато, од село Рогачево до граничниот премин Јажинце, од Струга кон граничниот премин Ќафасан, како и од Крива Паланка кон граничниот премин Деве Баир.

Најстудено утринава било во Маврови Анови каде се измерени -8 степени, по што следуваат Крушево со -7 и Берово со -5 степени. Највисока снежната покривка е во Дебар и Маврово (25 сантиметри). На Попова Шапка снежната покривка е 21 сантиметар, а во Крушево еден сантиметар.

OhridNews