Забраните за движење на тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека се укинати, информираат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, додаваат.
Врнежи од снег се бележат на планинските премини Пресека, Плетвар, Ѓавато, Буково, Стража, Маврово и Попова Шапка.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
OhridNews