Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива по влажни коловози поради наместа послаби врнежи од дожд и снег. Забраните на Стража, Пресека и Маврово се укинати и сега овие патни правци се проодни за сите возила, соопшти АМСМ.

На овие патни правци сепак се препорачува на внимателност поради остатоци од снег на коловозот. Возачите да ја прилагодат брзината на движење и да одржуваат потребно растојание помеѓу возилата. Внимателно и на почестите поситни одрони низ клисурите и засеците. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини.

Ohridnews