Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива отежнато и во зимски услови поради врнежи од снег кои се со намален интензитет. На патните правци Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража и Маврово-Дебар забраните за тешки товарни возила од 11 часот се укинати, информираат од АМСМ.
Коловозите се влажни и со остатоци од снег особено на повисоките планински превои каде движењето на возилата е забавено и отежнато, додека низ клисурите има почестата појава на поситни одрони, особено на патните правци Маврово-Дебар, Катланово–Велес и Демир Капија-Удово.
Особено отежнато се одвива сообраѓајот на патниот правец М4 Кичево – Ботун. Врнежите од снег на Пресека се задржуваат на коловозот, но засега нема забрани за движење на возилата. Поради остатоците од снег се препорачува прилагодена брзина на движење преку овој планински превој.
На патниот правец М5 Ресен – Битола снегот се задржува на коловозот и го отежнува и забавува нормалното одвивање на сообраќај. Се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината на движење.
Потстетување за возачите дека патниот правец Р504 Отешево – Трпејца преку планинскиот превој Галичица е затворен за сите видови на возила.