Од 10:40 часот забраната за движење на тешки товарни возила на превојот Стража е укината и сообраќајот е нормализиран, информираат од АМСМ.

Од 10:40 часот на излез од Гостивар кон Стража сообраќајот се одвива наизменично, поради случена сообраќајна незгода. Продолжува да важи забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар, велат од АМСМ.

Сите патни правци во државата се проодни, а на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони, информираат од ЈП Македонијапат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Апелираме на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот, посочуваат од ЈП Македонијапат.

Додаваат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

 

Н.С.Ј.

фото. Архива