Оние кои ќе решат Новата година да ја поминат во ресторан или хотел, а се пушачи ќе можат да запалат цигара дури и пред спроведувачите на законот. Власта реши да ја укине забраната за пушење цигари во угостителските објекти во кои се произведува, служи и конзумира храна.

Забраната стартуваше на 1 декември, но поради неподготвеноста на угостителите и пребрза одлука на инспекторите е пролонгирана до 1 јануари 2010 година, кога се очекува да се воведе целосна забрана на пушење на јавни места.

Сега, сопствениците на хотели, ресторани и други објекти во кои се служи храна, согласно Законот за угостителска дејност се должни да ги одделат пушачките од непушачките зони и тоа видно да го истакнат.

Инаку, додека важеше краткотрајната забрана, беа изречени неколку казни за сопствениците на угостителските објекти во кои се служи храна, но според најавите од Државниот пазарен инспекторат, казните ќе бидат поништени.

А.Р.