Од денеска е укината забраната за движење во шума и шумско земјиште. ЈП Национални шуми ги известува граѓаните дека од 26.08.2021 година се укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште и апелира до сите граѓани да се однесуваат одговорно кога се движат во шумите, поради нивна лична заштита и заштита на шумите, како и зачувување на животната средина, се вели во соопштението.
Поради проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, ЈП Национални шуми – Скопје поднесе барањедо Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со кое побара согласност за укинување на делумната и целосната забрана за движење во шума и на шумско земјиште, додаваат во соопштението од ЈП Национални шуми.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство даде согласност за укинување на делумната забрана за движење во шума, донесена на 25 јуни годинава и на целосната забрана, усвоена на 3 август.