Утрово укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан.Од 08.15 ч за сообраќај преку планинскиот превој Ѓавато задолжително е употреба на зимска опрема (синџири), информира АМСМ.

 

Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку Стража се уште се на сила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат.

OhridNews