Би-Би-Си ја укина радио програмата на македонски јазик, што се емитуваше од Лондон во изминатите 15 години.

Покрај македонската секција, во рамките на Светскиот сервис на Би-Би-Си се укинуваат и редакциите на албански, српски, и на англиски за карибскиот регион и на португалски јазик за Африка.

Ваквото решение на Би-Би-Си се објаснува со одлуката на британската Влада да ги намали средствата за компанијата за 16 отсто и да заштеди 46 милиони фунти со укинувањето на овие јазични секции.

Намалувањето на средствата од државниот буџет и „замрзнувањето“ на висината на радио и телевизиската претплата, што ја воведе англиската Влада во следните пет години, се причина Би-Би-Си само во Светскиот сервис да укине 650 работни места, што е една четвртина од досегашните 2.400 вработени.

OhridNews