Укината е забраната за тешки моторни возила на патниот правец Кратово – Пробиштип која утринава беше воведена по 07:00 часот поради наноси од снег.

Сообраќајот е дозволен за сите типови возила, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, претежно влажни коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

OhridNews