Владата во Јужна Кореја конечно го укинала законот кој им забранувал на мажите лажно да ветуваат брак за да имаат секс со жените. Судот одлучил дека законот, стар половина век, ја нарушува женската сексуална слобода и дека законот не треба да се меша во такви работи.


Мажите кои ги навлекле своите девојки на секс со лажни ветувања, или лежеле по две години затвор, или плаќале високи парични казни. Законот бил укинат благодарение на двајца мажи кои неодамна биле казнети и барале правда до највисокиот суд.