Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, со официјална одлука го укина плаќањето за студентски индекс и студентска легитимација.


Според оваа одлука, студентите кои се запишуваат во академската 2011/2012 година, не мораат веќе да плаќаат за овие документи.

„За навремено информирање на кандидатите за запишување, Ве молиме на огласните табли и на интернет страницата на факултетот да објавите соопштение дека во рамките на потребната документација за запишување, кандидатите не треба да купуваат индекси и студентски легитимации, односно дека овие документи ќе ги добиваат бесплатно“, се вели во дописот на Генералниот секретар Илија Пиперкоски испратен до Деканите на факултетите на УКИМ.

Со ваквиот чекор, кој е дел од новите измени на Законот за високо образование, трошоците на студентите се намалуваат за околу 1.000 денари.

Ohridnews
извор: Makfaks