Мајк Ешли, речиси сигурно го продава Њукасл, а информациите се дека новите сопственици најпрво ќе се обидат во клубот да донесат големо тренерско име. Се шпекулираше со имињата на Маурицио Покетино, Масимилијано Алегри и Рафа Бенитез, но едно е сигурно – Стив Брус наскоро ќе го напушти клубот.

Првото играчко засилување за „црно-белите“ би можело да стигне од шпанска Барселона. Се споменува името на Артуро Видал како нов играч на „чавките“.

Чилеанецот веќе долго време се споменува дека е на излезна врата од „Ноу Камп“. Тој сака да игра повеќе, па предизвикот во Англија, каде досега не настапувал, изгледа примамливо за него. Видал во кариерата го носел дресот на Коло-Коло, Баер Леверкузен, Јувентус, Баерн и сега Барселона.

Новите газди на Њукасл сметаат дека 20 милиони евра ќе се доволни да се обезбеди играчот од средниот ред.

Инаку, информациите се дека новиот стратег ( најголеми шанси му се даваат на Алегри) на Њукасл ќе има 400 милиони евра на располагање, за нови засилувања на екипата.

OhridNews