Името на македонскиот репрезентативец Енис Барди се најде на списокот од Њукалс, за потенцијални трансфери во зимскиот преоден рок.
Барди со добрите игри во Леванте и македонската репрезентација со која се избори за пласман на Европското првенство извесно време е мета и желба на многу клубови. Се споменуваше преселба во Арсенал и Фиорентина.
„Страчките“, во квалитетите на Барди гледаат долгорочно решение за средината од теренот, а, адут на македонскиот репрезентативец се прекините.
Барди во Леванте се пресели од унгарски Ујпешт 2017 година за 1,5 милион евра, а, моментално негова цена изнесува околу 20 милиони евра.
OhridNews