УЈП воведе нова ислуга на „е-Плаќање на даноци“ преку која можете да вршите електронско плаќање и проверка на состојбите за Персоналниот данок, од било кое место и во секое време. Постапката на регистрација за е-Плаќање на даноци е бесплатна за граѓаните. Не е потребен дигитален сертификат. Корисниците треба да креираат кориснички профил на електронскиот сервис е-Плаќање на даноци https://etax.ujp.gov.mk со избор на менито “Регистрирај се“ и да се следи процедурата.

Услугата за е-Плаќање автоматски е овозможена (без дополнителна регистрација) на регистрираните корисници на е-Радиодифузна такса.

На граѓаните (обврзници на ПДД) кои се регистрирани во системот за е-Даноци со дигитален сертификат, автоматски им е овозможена (без дополнителна регистрација) услугата е-Плаќање на даноци. Електронско плаќање на даноци со безготовинска картичка Услугата за е-Плаќање на даноци со безготовинска картичка можат да ја користат граѓаните за плаќање на персоналниот данок.

Граѓаните можат да вршат он-лајн плаќање на Персоналниот данок со Visa,Maestro и MasterCard безготовинска картичка (кредитна и дебитна) издадена од домашна банка. Он-лајн проверка на даночните долгови е-Плаќање на даноци овозможува да се врши он-лајн увид во евиденцијата, преглед на платени и неплатени даночни обврски за Персонален данок. На овој начин во секое време може да се проверува последната состојба на даночните долгови, вклучувајќи ги и долговите за Радиодифузна такса и ДДВ.

OhridNews