Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира граѓаните да бидат многу внимателни, бидејќи е регистрирана појава на „лажни даночници“, кои може да ги измамат даночните обврзници.

Ваквиот апел уследи откако УЈП регистрираше случај на лице кое на сопственото возило неовластено ги користи обележјата на Република Македонија и Управата за јавни приходи.

Укажуваме на граѓаните, а посебно даночните обврзници, да бидат внимателни со цел избегнување да бидат мета на “лажните даночници“, кои злоупотребувајќи ги надлежностите и обележјата на УЈП се обидуваат да извлечат материјална или друга корист за себе. Побарајте даночниот службеник да се идентификува! Во комуникацијата со клиентите, посебно даночните обврзници, вработените во Управата за јавни приходи имаат обврска да се претстават користејќи Идентификациона картица, односно Службена легитимација и Беџ на кои јасно е наведено логото на УЈП, како и звањето на даночниот службеник, информираат од УЈП.

Ohridnews