Во рамки на акцијата за контрола на фискализацијата и почитување на Законот за регистрација на готовинско плаќање инспекциските служби на Управата за јавни приходи петокот и саботата во Охрид, Струга, Прилеп, Битола, Ресен контролираше 91 угостителски објект, а поради кршење на законот затвори 34. Покрај казната забрана за работа во трање од 30 дена, на управителите на затворените објекти одредена им е глоба во висина од 500 евра, а на фирмата од 1.000 евра, соопшти УЈП.
Во саботата во Охрид биле контролирани 15 објекти, а затворени 9, додека во Струга биле контролирани 10 објекти, а УЈП затворила 5 угостителски објекти.
на удар на УЈП се најдоа и обложувалниците
Акцијата ја воделе 9 тимови, односно 20 инспектотри на УЈП, а била координирана меѓу три регионални дирекции во Скопје, Прилеп и Битола. Контролата се вршела врз основа на претходни сознанија на УЈП и пријави на граѓани на телефонот 198.
На удар на УЈП во петокот беа и спортските обложувалници. Две од нив поради неправилности во работењето беа затворени, но од вчера и тие работат, бидејќи истите биле во процедура за добивање лиценца за работа.
Г. Момироски