Од 1- ви јуни, Управата за јавни приходи по телефон ќе ги известува даночните обврзници за износот на даночниот долг што не е платен во законскиот рок. Телефонското известување за даночен долг, ќе се врши преку повикувачкиот центар на УЈП, секој ден од 9 до 20 часот, освен во недела.

Новата услуга има цел да го зголеми процентот на доброволна наплата на даноците и превентивна мерка со која се информира даночниот должник навремено да реагира за да се избегне постапка за присилна наплата и активирање на инструментите како што се блокирање сметки и други, кои УЈП ги користи за наплата на заостанатите даночни долгови.

Во март, по извршеното пробно телефонско известување на 1.194 даночни обврзници, доброволно е наплатен стар даночен долг од вкупно 43.915.322 денари (над 700 илјади евра).

OhridNews