Даночната стапка за персоналниот данок на доход со која се оданочуваат овие приходи, од 1 јануари 2008 година изнесува 10%, а пријавувањето се врши во надлежната даночна канцеларија на УЈП во местото каде се наоѓа имотот кој се издава.
За граѓанинот кој нема да поднесе даночна пријава во пропишаниот рок, законот предвидува глоба за сторен прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност, предупредуваат од УЈП.