И покрај проблемите Министрството за финансии смета дека концептот бруто плата функционира и дека голем број компании ги поднеле месечните пресметки. Оттаму очекуваат останатите околу 27.000 компании тоа да го направат до истекот на законскиот рок, а тоа е 10 февруари. Во спротивно тие ќе бидат санкционирани. Наспроти силните критики за неподготвеноста на институциите за старт на реформата бруто плато и барањата за нодлагање на истата, министерството за финснсии смета дека таа со одредени мали застои успешно се спроведува и дека реформата е успешна. Граѓаните стравуваат дека поради доцнењето на платите не ќе можат да ги сервисираат кредитите и месечните сметки, што дополнително ќе го отежне живеењето во време на економска криза.
УЈП – Охрид вонредно работи и во недела
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com