Со оглед на тоа дека во наредниот период се очекува уште околу 100 илјади граѓани да ги поднесат своите даночни пријави од УЈП со апел да не се чекаат последните денови пред истекот на крајниот рок- 15 март, со цел избегнување на метежи во даночните канцеларии.
Да се поднесе годишна даночна пријава треба доколку во текот на 2014 година: сте издавале под закуп (кирија) или подзакуп: станбен или деловен простор, гаража, земјиште, викендица, опрема, превозни средства или друг вид на имот; сте склучиле авторски договор, односно сте оствариле приход од авторски права и права од индустриска сопственост; ви бил исплатен регрес за годишен одмор (К 15); ви била исплатена дивиденда или камати по основ на заем кој сте го дале на физичко или правно лице; сте оствариле капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот; сте оствариле добивка од општите игри на среќа (од лото, бинго, квизови, наградна игра и сл.) во износ поголем од 5.000 денари; сте оствариле приход од откуп на цврст отпад; имате лични примања од странство; работно сте ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација во РМ, односно имате лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави во РМ или пак остварувате лични примања кај претставници и службеници на претставништвата кои уживаат дипломатски имунитет; и сте оствариле и „други приходи”.
Досега оваа обврска ја исполнале 104.773 граѓани, од кои 467 ја искористиле можноста за пријавување на приходите преку електронските даночни сервиси.
OhridNews