Со измените во Законот за даночна постапка Управата за јавни приходи ги презема ингеренциите во наплатата на надоместоците и казните од кривични, прекршочни и управни постапки. Според министерот за финансии, Зоран Ставрески, со тоа ќе  се подобри наплатата, бидејќи сегашната поставеност на системот, не обезбедува доволно ефикасна наплата на тие казни.

– Мора да се преземат мерки во делот на законската регулатива за поредовно и понавремено плаќање на казните со цел да има вистински ефект и тие прекршочни и кривични дела  да не се повторат, рече Ставрески, додавајќи дека на тој начин ќе се спречи нелојалната конкуренцијата и ќе се зголеми ефикасноста во наплатата на казните кои на разни начини прекршителите избегнуваат да ги платат со години.

OhridNews