Покрај личните достави , даночните обврзници имаат можност Годишната даночна пријава да ја поднесат и по пошта, на адресата на Регионалната Дирекција на УЈП, на која и припаѓаат според местото на живеалиште наведено во нивната лична карта.
За сите потребни информации во врска со тоа дали треба да поднесете Годишната даночна пријава, како да ја пополните и каде да ја поднесете, може да се информирате на бесплатиот телефонски број 0800 33 000, што УЈП, неодамна го отвори за оваа намена.