Најстудено утрово е во Берово каде што се измерени нула степени. УХМР соопшти дека во 7.30 часот се измерени температури од 1 степен во Лазарополе, два во Битола, три степени во Скопје-Петровец, Тетово и Крива Паланка, четири во Прилеп, Струмица, Демир Капија и Попова Шапка, пет степени во Куманово, Охрид, Претор, Кавадарци, Дебар и Маврови Анови, шест степени се измерени во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Штип и Крушево и осум степени во 8 Гевгелија и Виница.

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а кон крајот на денот наместа умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 18 степен.

Под влијание на влажен бран утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и северните делови (над 20 l/m2). Наместа врнежите ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи. Преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток. Нов влажен бран се очекува во петок попладне и во сабота кога ќе има врнежи од дожд проследени со локална појава на грмежи и засилен ветер од јужен и југозападен правец. Температурата од утре осетно ќе се намали.

OhridNews