Управата за хидрометеоролошки работи издаде предупредување за можно невреме, кое на места ќе биде поинтензивно.
Денес од пладневните часови и утре преку денот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места, особено во централните и источните делови, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и изолирана појава на град. – предупреди УХМР.
OhridNews