Во текот на денешниот и утрешниот ден ќе продолжи да преовладува нестабилно време локално со појава на поројни врнежи, грмежи и засилен ветер.
Ваквите временски услови нема да претставуваат опасност за излевање на поголемите реки во земјата. Доколку на одредени места врнежите бидат поинтензивни и паднат за кратко време и ако бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер (кој се очекува во текот на утрешниот ден) можна е појава на слевање на вода во градските урбани средини поради неможноста за одведување на водата за толку кратко време. – информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, соопшти во вонредната прогноза УХМР.
Г. М.